Неколку лица загинаа и се повредени откако воз утринава удри во комбе во јужна Унгарија, се наведува на полициската веб-страница.
Несреќата се случила непосредно пред 7 часот на железничкиот премин во центарот на градот Миондсет, кога комбето удрило во шините и се судрило со воз што сообраќал на линијата Сентес до Ходмезовасархел.
Возот по ударот излетал од шините и влетал во каналот, а неколку лица загинале на лице место, јавува МТИ.
Британците ги провериле руските наводи за фалсификување злосторства во Буча, еве што откриле
Полицијата го затворила патот за да ја олесни работата на истражните и спасувачките служби, а на местото на несреќата е испратен и хеликоптер на брза помош.
Алармирани се и пожарникари, а акцијата за спасување ја координира Службата за операции за справување со катастрофи.