Дамјановски: Јарболот треба да биде корегиран, ќе ги известиме надлежните служби

Сподели со своите пријатели

Јарболот треба да се корегира и до вечерва очекувам службите да го заменат знамето во центарот на градот, вели денеска градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата и локалната смаоуправа не водат сметка и грижа за националните одбележја на државата. 

Тоа е традиција кај претставниците на Општинскиот комитет, секој втор ден да имаат некој повод во предвечерието на изборите да постават некои теми. Мислам дека забелешката за корекцијата на поставеноста на јарболот треба да биде увидена и мислам дека служби на Владата на Република Македонија се тие кои ја одржуваат и во изминатото знаете дека над 50 јарболи беа поставени ширум Македонија и мислам дека со сугестија од нашите служби до заедничките служби во однос на јарболот ќе бидат корегирани во текот на денот. Ние ќе ги информираме да пуштат своја сервисна служба која ги одржува тие позиции. Мислам дека тоа во моментот е нешто да се дефокусира јавноста од главните проблеми во Македонија, од големите коруптивни скандали и афери во дражавата и се префрла на друг колосек. Да, забелешката е на место треба да биде корегирана таа работа, можеби е моментално нешто можеби поради ветерот, тоа е технички проблем отколку проблем на некоја политичка партија или на извршната власт. Јас денеска ќе упатам порака до заедничките служби и началникот мислам дека ќе преземе активност да го реализира тоа – вели Дамјановски.

фото: архива

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.