Дамјан Манчевски ќе раководи со изборниот штаб на СДСМ

Сподели со своите пријатели

Централниот одбор на СДСМ вчеранавечер едногласно даде поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на СДСМ за успешно воден преговарачки процес за реализација на Договорот од 2 јуни / 15 јули.

Loading...

Централниот одбор на СДСМ едногласно ги поддржа и сите номинации за министри и заменици министри: Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за министерка за труд и социјална политика, Александар Кирацовски за заменик министер за информатичко општество и администрација,  Кире Наумов за заменик министер за финансии и Љупчо Николовски за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Јасно е за сите, влегуваме во Владата исклучиво како коректив на власта, со цел да обезбедиме гаранции за фер и демократски избори во интерес на граѓаните и на Република Македонија, рече претседателот Заев.

Централниот одбор на СДСМ едногласно за шеф на Изборниот штаб го избра потпретседателот Дамјан Манчевски.