Дали знаете која е најсреќната земја во светот?

Сподели со своите пријатели

Истражувањето спроведено од страна на агенцијата „WIN/Gallup International“ покажува дека за најсреќна земја важи Колумбија, а на листата од 68-те истражувани ја слидат Фиџи и Саудиска Арабија.

За време на истражувањето биле испитани 66.040 луѓе од 68 светски земји, а интересно е што меѓу најсреќните десет земји се наоѓа само една европска држава, а тоа е Исланд.

Пред Саудиска Арабија, која е често критикувана од здрижениејата за заштита на човековите права, се пласираше само Колумбија со 85% среќно население и Фиџи на второто место, додека на последното е Ирак.

Резултатите до анкетата покажуваат дека луѓето имаат различни видувања за она што го сметаат за среќа. За некои важно е материјалното богатство, за некои идеолошката слобода, а за трети стабилноста.

Во секој случај, третото место на Саудиска Арабија е изненадување, со оглед на последниот извештај на „Amnesty Internationala“ во кој се оценува како власта во таа земја ги ограничува правата на слободно изразување, здружување и собирање.

Според последните истражувања жителите во Кина и Фиџи имаат најмногу надеж за подобра иднина. Граѓаните на Нигерија се најоптимистични кога е во прашање развојот на нивната економија.

Европејците, според оваа истражување не се најсреќните, а ниту премногу оптимистични кога е во прашање иднината. Единствено Исланд е меѓу десетте најсреќни земји на светот, додека Италија е нација со најмалку надеж од сите 68 опфатени земји во анкетата.