Дали страдате од недостаток на витамини и минерали?

Сподели со своите пријатели

Недостатокот на одредени витамини и минерали е секогаш видлив. Телото на еден или друг начин сигнализира дека во него има нерамнотежа. Затоа не треба да се занемаруваат некои симптоми. Дали страдате од таков дефицит? Видете во следните редови.

Грчеви во мускулите и главоболка – недостаток на магнезиум

Магнезиумот е еден од најважните елементи за организмот. Неговиот дефицит може да предизвика болести или моментални болки како мускулни грчеви, особено за време на бременоста, главоболка, нервоза и други.

Според статистичките податоци, околу 60% од луѓето страдаат од дефицит на минералот.Магнезиумот е важен за функционирањето на мускулите, за добар и квалитетен сон, за правилното функционирање на нервниот систем. Т

Акни на лицето – недостаток на цинк

Митесерите и акните понекогаш може да се должат на недостаток на цинк. Цинкот влијае на состојбата на кожата и на лачењето на себум. Адекватниот прием на минералот може да помогне за чистење на кожата.
Трудете се да земате не помалку од 30 мг. на ден од минералот. Исто така цинкот е важен и за квалитетот на спермата. Храна богата со цинк е: семки од тиква, црниот дроб, остриги, телешкото месо.

Бели дамки – Недостаток на есенцијални масни киселини

Белите дамки во областа на прстите и зглобовите обично укажуваат за дефицит на омега-3 масни киселини. За да го вратите нивниот биланс, јадете повеќе мрсни риби, ореви, авокадо.

Фини и кршливи нокти, како и сува и кршлива коса – недостаток на витамин В7

Витамин В7, нарекуван уште биотин, е клучен за здравјето и убавината на ноктите и косата. Кога организмот ви страда од недостаток на овој витамин може да се забележи по косата, ноктите стануваат кршливи, можно е да страдате од несоница, анемија, гадење .

Може да си го набавите преку внес на прехранбени адитиви или преку потрошувачката на храна како пилешко месо, јајца, млечни производи, цели зрна.

Слаба и безживотна коса – недостаток на железо

Железото е исто така еден исклучително важен елемент на кој не треба да дозволиме дефицит, бидејќи учествува во бројни биолошки процеси. Важен е за формирање на хемоглобинот, кој од своја страна е клучен за транспорт на кислород до сите ткива и органи.

Дефицитот на железо може да предизвика појава на анемија, косата да стане безживотна, слаба, да чувствувате недостаток на енергија. За да не дозволите дефицит на железо, поткаснувајте почесто храна богата со елементот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.