Дали портретот на Мона Лиза крие уште еден детал? (фото)

Сподели со своите пријатели

Францускиот научник Паскал Скот открил дека под познатата Мона Лиза постои уште еден портрет кој е откриен со користење на рефлексните светлосни технологии.

Loading...

Тој вели дека анализирајќи ја познатата слика од десет години со примена на оваа технологија испод познатата слика на Леонардо да Винчи открил скриен портрет.

Музејот „Лувр“ одбил да ги коментира овие наводи, пренесува БиБиСи. На скриената слика од друга личност нема трагови на мистичната насмевка, која ги интригира љубителите на уметноста  подолго од 500 години.

Францускиот научник добил пристап до сликата во „Лувр“ во 2004 година. Тој е пионер во примената на слоевитата метода на појачување, која е искористена за проучување на Мона Лиза.

465873_mona-liza-prava-profimedia0167022055_ff465873_mona-liza-prava-profimedia0167022055_ff

Сега може да анализираме што точно се случува во слоевите на сликата и можеме да ги гледаме слоевите на сликата како слоевите од аголот. Можеме да реконструираме хронологија на правење слика – вели Кот.

Оваа слика била предмет на неколку научни истражувања во последните педесет години. Во новото време користени се инфрацрвените зраци и мултиспектрално скенирање.

Одамна се води дебата за идентитетот на жената од сликата. Со векови се верува дека на портретот е прикажана Лиза Герардини, сопруга на трговец со свила од Фиренца.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.