Со огед на тоа дека ги користиме во поголемиот дел од денот, вообичаен начин да ги наполниме батериите на нашите мобилни телефони е да ги оставиме на полначот цела ноќ.
Сепак, дали е навистина потребно?
Топ 5 заблуди за полнењето и батеријата на мобилниот телефон
Полнењето на телефонот имало смисла кога на батериите им требало долго време да се наполнат, но во ерата на брзо и безжично полнење, не мора да биде наш прв избор.
Литиум-јонските батерии кои се во мобилните телефони денес се полнат побрзо и траат подолго од порано.
Начинот на кој го користите мобилниот телефон открива многу за вас
Друга работа што ги разликува од батериите што порано биле во телефоните, е дека тие „не сакаат“ да бидат целосно испразнети, а потоа да се наполнат до 100%.
Консензус на производителите на паметни телефони е дека вашата батерија ќе трае најдолго ако е постојано наполнета помеѓу 40% и 80%. И, постои исклучок – се смета дека е добро батеријата да се испразни целосно еднаш месечно, а потоа да се наполни на 100%.
Места на кои никако не смеете да го држите мобилниот телефон
Што се однесува до оптималната температура на батеријата, најдобро е да бидете некаде помеѓу 30 ° C и 40 ° C, сè под и над тоа треба да сугерира дека нешто не е во ред.
Исто така, препорачливо е да го користите само полначот што доаѓа со телефонот, затоа што некои поевтини полначи, како и оние што не одговараат на вашата батерија, можат да го „скратат животот“ на вашиот мобилен телефон.