Начинот на кој го користите мобилниот телефон открива многу за вас

Сподели со своите пријатели

Начинот на кој го користите мобилниот телефон може да открие многу за вашата личност, порачува студија на Универзитетот во Мелбурн.

Авторите користеле мали сензори за да откријат како телефонот се помера и како апликациите биле користени за да ги утврдат карактеристиките на сопствениците. Студијата се фокуслира на „големата петорка“ на карактеристики на личноста – екстроверност, отвореност, пријатност, совесност и невротицизам, пишува Дејли мејл.

Loading...

Места на кои никако не смеете да го држите мобилниот телефон

Истражувачите пронашле одредени обрасци, на пример дека организираните луѓе проетко контактираат исти личности и дека оние кои се пријателски настроени прават многу повеќе повици од што примаат.

Екстровертните личности се друштвени, енергични и зборливи, а студијата покажала дека тие прават вистински планови во движењето. Ваквите личности користеле телефони за да договараат состаноци со различни луѓе и прифаќале повици на спонтани настани. Во меѓувреме, интроверните биле активни ноќе и се држеле до рутините.

Преживеал пукање благодарение на мобилниот телефон

Лицата кои се нервозни, чувствителни и несигурни во носењето одлуки можат да се опишат како невротични. Меѓутоа, студијат апокажала дека постојат големи разлики во користењето на телефонот меѓу невротични мажи и жени кои многу повеќе ги проверувале своите телефони по полноќ.

Не било изнеадување што се покажало дека се пријатни сочувствителни луѓе најзафатени во текот на веќерта и викендот, иако нивните обрасци на активности биле „рандом“. Нивото на отвореност на лицето ја одредува интровертноста, заинтересираноста и подготвеноста на нови искуства.

Четири начини за полнење на мобилниот телефон кога нема струја (видео)

Истражувањето покажало дека ваквите лица обавувале најмалку телефонски разговори. Совесните луѓе биле организирани и внимателни, а студијат аоткрила дека тие поретко контактираат исти луѓе.

Loading...

Авторите и тоа го објасниле со тоа што поради својата заинтересираност извршуваат цели без „многу бучава“.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *