Дали некој контролира што јадеме? Труење со храна одведе во смрт тригодишно дете

Сподели со своите пријатели

Тригодишната Анета од Прилеп добила висока температура и повраќање откако во сендвичарница во родниот град јадела сендвич, а откако лекарите ја прегледале и ја пуштиле на домашно лекување во текот на ноќта нејзината здравствена состојба само станувала полоша.

Loading...

Утрото во многу критична состојба повторно била однесена во болницата, каде вчера наутро почина.

Лекарите велат дека причина за смртта е труење од храна, но од друга страна роднините велат дека станува збор за несоодветен третман и грешка во терапијата на дежурните лекари во градската болница во Прилеп.

Родителите на Анета Неџиповска случајот го пријавиле во Основното јавно обвинителство, а по наредба на обвинителството телото на девојчето е предадено на обдукција.

Од министерството за здравство велат дека ќе биде формирана специјална комисија која ќе ги испита околностите поради кои почина тригодишната Анета, а од сендвичарницата веќе се земени мостри од храната кои ќе се испитуваат.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.