Дали многу лутата храна е опасна по здравјето? Еве што велат лекарите!

Сподели со своите пријатели

Лекарка објаснува во кој случај треба да го намалиме внесот на лута храна и што да правиме за да си помогнеме по конзумирање на истата.

Loading...

Вирален предизвик на ТикТок, во кој целта е да се остане без вода и храна што е можно подолго по залак многу лута храна, заврши минатиот месец со трагична смрт на тинејџер.

Иако се уште не е целосно докажано дека токму овој потег довел до смртта, многу луѓе се прашуваат дали лутата храна е толку опасна по здравјето, пишува Тпортал.

И додека некои во индиски или мексикански ресторан ќе нарачаат најблаг интензитет на пикантност (а сепак се жалат дека е премногу зачинето), други нема ни да трепнат на екстремно лути јадења.

Која е причината за ова и што ги предизвикува овие сензации на прво место, објасни докторката Лиза Ганџу.

„Секој има различна толеранција за пикантност. На физиолошко ниво, многу работи се случуваат кога јадеме лута храна: почнуваме да се потиме, чувствуваме пецкање во усните и устата и чувство на печење на јазикот. Тоа предизвикува хемиска врска со капсаицинот, активната состојка во лутата храна“, рече таа и продолжи:

„Реакцијата што ја доживуваме кога јадеме лута храна е всушност болка, а проблемите настануваат кога личноста има рефлукс или зголемено ниво на киселина во желудникот што предизвикува горушица. Тогаш е важно да се ограничи внесувањето на лута храна“.

Мексиканска храна

Кога станува збор за тоа зошто некои уживаат во лута храна, а други не можат да издржат, докторот објаснува дека толеранцијата зависи од низа фактори, меѓу кои генетската предиспозиција, животното искуство и честотата на консумирање на таква храна.

Loading...

„Нема точна причина зошто некои луѓе се почувствителни од другите. На пример, некои луѓе се почувствителни на црвено месо од другите, и тоа е истиот концепт. Тоа е генетско. Исто така, почестото јадење лута храна ќе ја зголеми толеранцијата, особено ако сме пораснале на неа“.

Експертите нагласуваат дека не постои граница на пикантност која не треба да се надмине (како дневниот внес на алкохол) и тврдат дека е малку веројатно дека лутата храна сама по себе ќе ве убие, освен во случај на алергиска реакција или чувствителност на некоја состојка.

Индиска храна

„Никогаш не сум слушнала лута храна да убие некого. Но, екстремната болка во стомакот предизвикана од ваквата храна може да доведе до катастрофални последици. Кога станува збор за предизвикот на ТикТок, зборуваме за многу лута храна која предизвикува болка и телото буквално влегува во шок, како да ве избоделе со нож, а нивото на адреналин расте“, објасни Ганџу, додека истакна дека, и покрај овие непријатни ефекти, веројатноста за смрт од консумирање лута храна останува многу мала.

На крајот, докторката додава што да правите за да се ублажи чувството на печење и другите последици од лута храна.

„Најдобар начин да се ослободите од премногу пикантност е да пиете или да јадете нешто високо со маснотии за да помогнете да се неутрализира сензацијата. На пример, млекото би било одлична опција. Имено, капсаицинот е супстанца растворлива во масти, па нема да се разгради во вода, без разлика колку го консумирате. Гуми за џвакање и пастили за грло, исто така, го зголемуваат производството на плунка, што помага да се неутрализира желудочната киселина“.