Дали маските ќе станат нов моден хит?

Сподели со своите пријатели

Досега со пристигнување на убавото време избиравме костими за капење, а за ова лето ни се наметнуваат маски како тренд на лето 2020 година.

Дали навистина ќе мора да носиме маски на плажа и дали тоа ќе биде нашата трагична реалност?

Loading...

Се надеваме не, но она што е сигурно е дека модните куќи се подготвени, а маската „ризикува“ да стане еден од неопходните аксесоари.

Уште во јануари, Били Аилиш носеше маска „Гучи“ на Греми наградите, а маската „Фенди“ против загадување веднаш беше распродадена.

Во секој случај, во екот на епидемијата, модните куќи голем дел од своето производство го претворија во производство на маски кои беа донирани во болници, но сега, во „Фаза 2“, кога маските се задолжителни, тие стануваат аксесоар.

Затоа треба да изгледаат убаво, со оглед дека го покриваат скоро целото лице. Оние со монограм LV се популарни. Италијанската инфлуенсерка Кјара Ферани прикажува различни модели на Инстаграм, како и оние што ги направи уметникот Етаи Дри.

На сајтот Etsy може да се најде се што ќе ви падне на памет, за само два дена во април, два милиони луѓе ја пребаруваа страницата во потрага по маски. Некои ги бараат во стилот на Аби Роуд, некои со познатиот јазик на „Ролинг Стоунс“, некои цветни, некои пак како брендот „Мадер“ ги прават од фармерки и ги донираат сите приходи на добротворни цели, а некои претпочитаат тотално црно.

Loading...

Маските на брендот Boohoo се обидоа да бидат иронични со насловот – „Ако можете да ја прочитате оваа порака, тоа значи дека сте премногу близу“ – но тие мораа да ги повлечат затоа што синдикатите и лекарите мислеа дека ќе збогатат со несреќата.

Марката беше принудена јавно да се извини и да признае дека маските што ги произвеле немаат лекарско уверение.

Прашањето е дали другите немаат иста намера – заработуваат пари од несреќата, и дали и другите имаат медицински сертификати?


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *