Дали кучето смее да јаде леб, риба или ореви?

Сподели со своите пријатели

Кога нашите четириножни пријатели ќе не погледнат со тажните очи, понекогаш не можеме да одолееме да им дадеме парче од нашиот оброк.

Loading...

Но, дали кучињата смеат да јадат леб, риба или ореви? Што е со овошјето и зеленчукот?

Важно е да запаметите дека секое куче се посебно. Големината, тежината, годините, расата, колку е активно… сето тоа се фактори кои влијаат на тоа која храна, но и количина можете да му ја дадете.

 

 

Леб

Бел, ‘ржен, црн… со еден збор – да. Важно е само да не содржи одредени зачини или суво грозје кое не е добро за кучињата.

Loading...

Млечни производи

Ако кучето нема проблеми со толеранција на лактоза, млекото во мали количества е во ред. Многу кучиња обожаваат сирење. И тоа е во ред, но не му давајте „посилни и посолени“, како фета сирењето.

Младото кравјо сирење е одличен избор. Добро сварени јајца се добри за варењето, а јогуртот исто така е дозволен. На сладоледот заборавете.

 

 

Риба

Лосо, туна, дури и онаа во конзерва – може. Само треба да биде добро сварена.

Loading...

Овошје

Влакна, антиоксиданси, минерали и витамини ги има во многу овошја кои можете да ги дадете на вашиот миленик. Добро измијте, исчистете и излупете го овошјето во мали количини.

Јаболко, кајсија, банана, боровница, малини, дињи, ананас, манго, кокос, портокали, тива, јагода, лубеница – може. Но, грозје, лимон, лимета, суво грозје – не може. Избегнувајте и цреши.

 

 

Месо

Како и нивните претци, и кучињата можат да јадат месо. Добро свареното месо е богато со протеини. Исечете го на помали парчиња одстранете ја кожата и непотребната маснотија.

Loading...

Не додавајте сосови, зачини, затоа што одредени состојки нема да им одговараат на кучињата.

Пилешко, јагнешко, говедско – да, но избегнувајте свинско месо, сланина, шунка, поради големата количина на сол и маснотии.

Многу кучиња обожаваат виршли и колбаси и тоа може. Но, гледајте тоа да биде поретко.

Премногу соли и адитиви не е добро ниту за нашиот стомак и здравје, па така не е добро ниту за кучињата.

 

Loading...

 

Јаткасти плодови

Одличен извор на протеини, но имаат доста калории и тешко се варат. Избегнувајте ореви и бадеми. Кикирики може, но во мали количества.

Пуканки, смоки, чипс и слично

Премногу сол во овие производи може да доведе до проблеми со крвниот притисок, срцето и бубрезите. Заборавете на разни слани переци, помфрит, кисели краставчиња. Од друга страна, пуканки без сол може.

Loading...

Зеленчук

Како и овошјет, и зеленчукот има премногу витамини, влакна, минерали и антиоксиданти. Свежиот зеленчук, секако. Конзервираното не се препорачува поради премногу сол.

 

 

Loading...

Замрзнат зеленчук исто така може. Листата на дозволено е долга, од моркови, брокула, раставици, па до карфиол, целер, боранија, марула, зелка, тиквици…

Чоколадо

На многу сопственици омилено слатко им е чоколадото, но никако за кучињата.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *