Дали е добро да се спие со вклучени клима или вентилатор?

Сподели со своите пријатели

За време на високите летни температури, веројатно едвај чекате да влезете во разладена просторија, а сигурно користите клима и дома и на работа.

Loading...

Експертот Марк Редик, кој е и еден од авторите на книгата „Советник за спиење“, вели дека користењето на клима уредот не е најдобрата можна опција додека спиеме. Според него, тоа може да биде лошо за оние кои страдаат од астма.

Истото важи и за користење на вентилатор додека спијат.
„За многумина, вентилаторот, особено вентилаторот на таванот, им помага да заспијат, но тоа воопшто не е добро бидејќи може да предизвика алергиски напад и суви очи“, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци кои можат да ве предупредат дека гумата може да ви пукне

 

 

Ова, секако, важи и за користење на клима уредот во текот на ноќта, па советот на Редик е добро да ја изладите просторијата пред спиење, а потоа да ја исклучите климата или да ја оставите во друга просторија.

Редик потсетува дека, покрај алергиските напади и проблемите со сувите очи и слузницата на носот, може да се појават и други проблеми, како што се вкочанетост и болки во грбот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто се вели дека мачките имаат 9 животи?

 

 

Секако важно е и редовното чистење на клима уредите и вентилаторите, а една од работите на која предупредува овој експерт е сувата кожа како резултат на постојаното користење на клима уредите.

„Кога тој воздух дува долго и често, кожата се суши. Лосионите и кремите ќе помогнат, но не ако тоа стане навика цело лето“, објасни тој.