Дадилката од Скопје доби триесетдневен притвор (видео)

Сподели со своите пријатели

Случајот со бебето што било оставено на чување на дадилка, која ја ангажирале родителите, вчера ја шокираше македонската јавност. Социјалните мрежи експлодираа со коментари и со осуда за дадилката за тоа што му го правела на детето.

Loading...

„Спиј, ѓубре едно, замолчи, пи*ка ти материна“, се зборовите со кои му вика на расплаканото бебе, додека го малтретира безмилосно удирајќи го по глава и го тресе до повредување.

Родителите се посомневале дека нешто не е во ред откако забележале модринки по телото на  бебето. За да бидат сигурни во она што се посомневале, тие поставиле скриена камера во нивниот дом. Случајот веднаш го пријавиле и по совет од полицијата, тие одлучиле да ја споделат снимката во јавност. Доколку биде осудена, на дадилката ѝ се заканува затвор од една до десет години за малтретирање дете.

По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, во Основното јавно обвинителство – Скопје поведена е постапка  против едно лице кое се сомничи дека малтретирало девет месечно дете.

Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.

По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.