Да се зголеми бројот на термини за тестирање, бараат кумановските матични лекари

Сподели со своите пријатели

Матичните лекари во Куманово се борат да обезбедат термин повеќе за тестирање на граѓаните кои имаат симптоми на коронавирусот, поради растот на бројот на заболени во последните десет дена.

Loading...

Како што вели Фатмир Асани, Претседател на Здужението на матични лекари од Куманово, нема термини за брзо тестирање, ниту за регуларните тестови за Ковид-19.

– Матичните лекари имаат проблем бидејќи поминуваат 5-6 дена дур постапиме со адекватна терапија со коронавирус и да ги советуваме пациентите да седат во изолација. Луѓето се со поблаги симптими во првите 3-4 дена, а многу полошо завршуваат после 7-8 ден кога веќе е доцна, изјави др. Асани.

Како што вели тој, испратени се барања до Министерството за здравство да се зголеми бројот на термини за брзи тестови за да граѓаните се тестираат.

– Сметам дека граѓаните во последно време се ослободени многу и не ги почитуваат мерките, она што го бара Светската здравствена организација и Министерството за здравство, затоа сметам дека доколку сите одат бројката нема да биде 1.200 него 2.400 до 3.000 на ден ќе се покажуваат со коронавирус, додава тој.

И од Здравствен дом Куманово упатиле барања до Министерството за здравство да се зголеми бројот на термини од сегашните 20 до 25, на барем педесет термини дневно.

– Вистина е дека нема доволен број на термини, бидејќи знаеме дека бројката почна да расте со ковид позитивни, меѓутоа овие два три денови има зголемување на бројот на пациенти кои се инцфицирани со ковид 19 и нормално дека и ние сме преземале барање до „Мој термин“ за да се зголеми бројката на термини. Моментално функционираме до 20-25 дневно, сега барањето е до 50 дневно односно бројка на пациенти кои може да закажат термини преку матичните лекари, изјави Фарук Алили, директор на Здравствен дом Куманово.

Инаку според последната статистика во кумановската болница се лекуваат 116 пациенти позитивни или суспектни на коронавирусот, а моментално активни се 553 случаи.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply