Д-р Евица Бојаџиевска не успеа да ја победи лошата болест

Сподели со своите пријатели

По долга и тешка борба со карцином на црниот дроб, рано утрово почина д-р Евица Бојаџиева, докторка од Штип, на македонската јавност позната по долгата и тешка борба со болеста, за кое лекување, граѓаните собираа доброволна помош.

Loading...

Како што дознава „Курир“, Бојаџиева починала денес во 6:30 часот во својот дом. Бојаџиева се лекуваше во Кина, а третманот на нејзината болест траеше до 20 јануари. По третманот, се јавија метастази кои ги зафатија повеќето органи. Бојаџиева почина откако целосно и откажа црниот дроб.

Погребот ќе биде утре во Штип.

Доктор Бојаџиева боледуваше од еден од најретките и најагресивни карциноми на црниот дроб Cholangiocarcinoma. Сите напори за евентуален оперативен третман во специјализираните центри во Словенија, Германија и Италија беа неуспешни поради инвазивноста на болеста.


Leave a Reply