Иран: Новиот конфликт ќе ги надмине границите на регионот и ќе биде многу посериозен

Сподели со своите пријатели

Исламската Република Иран е подготвена за војна и, во случај на нов напад од страна на Соединетите Американски Држави и Израел, целите се идентификувани, изјави портпаролот на вооружените сили на Иран, Аболфазл Шекарчи.

„Одговорот на секоја нова агресија ќе биде различен од она што се случи претходно, непријателите дефинитивно ќе се соочат со изненадувања и нови тактики, а нападите на Иран, доколку регионот влезе во уште една рунда војна, ќе ги надминат границите на регионот и ќе бидат многу посериозни, потешки, понасилни и посилни од претходните две војни“, рече Секарчи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чешка го приведе митрополитот Иларион од РПЦ под сомнение за поседување дрога

Тој нагласи дека доколку повторно избувне војна и се спречи извозот од Иран, таа земја ќе „спречи нафтата да го напушти регионот“.

„Иран решително ќе управува со овој витален воден пат, со цел создавање безбедност и заштита на меѓународната трговија и економија“, нагласи Шекарчи, зборувајќи за Ормутскиот теснец, пренесува Танјуг.