Црвен крст на Р.Македонија – општинската организација Куманово, организира посета на шестчленото семејство Станишковски како и петчленото семејство Ангеловски и двете од населбата „Вера Которка” кои живеат во субстандардни услови под прагот на сиромаштијата.
Црвен крст Куманово го посети и седумчленото семејство Величковски по потекло од селото Коњу преселено во населбата „Перо Чичо” кое исто така живее во многу тешки услови.
Loading...
При посетата на овие три семејства дониравме хуманитарна помош која се состоеше од прехрамбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки.
Воедно Црвен крст Куманово во изминативе две недели педели и хуманитарна помош на 50 семејства од населбата Средорек.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.