Црвениот крст повика на прекин на воените операции околу Запорожје

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) повика на суспензија на воените операции околу нуклеарната централа Запорожје, предупредувајќи дека нападот врз централата би бил „катастрофален“.

Loading...

„Крајно време е да престанеме да си играме со оган и наместо тоа да преземеме конкретни мерки“ за заштита на локацијата, изјави генералниот директор на МКЦК Роберт Мардини за новинарите во Киев.

„Дури и најмала погрешна пресметка може да предизвика штета за која ќе жалиме со децении“, додаде Мардини.

Тим од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) треба да пристигне денеска за да ја провери нуклеарната централа Запорожје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.