Седумдесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера претпладне откако полицијата констатирала дека возел мотор без дозвола.
– На 29.05.2026 во 10:45 часот на улицата “Перо Чичо” во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ж.Т.(71) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај полициските службеници констатирале дека Ж.Т. управувал моторцикл “риуа” со кумановски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола за управување возило.
– По документирање на настанот против истиот ќе следува кривична пријава за кривично дело ” Безобѕирно управување на моторно возило”согласно член 297-а од КЗ на РСМ, стои во соопштението.
Никола Ивановски

