Црвениот крст Куманово лани дистрибуирал над 350 пакети храна за ранливи категории граѓани

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвениот крст Куманово, минатата година дистрибуираше 350 прехранбени пакети и околу 2.000 килограми облека и обувки за социјални ранливи категории граѓани, соопштија денеска од организацијата.

Loading...

Помошта е собрана во соработка со институциите, општествено одговорните компании, во хуманитарни собирни акции за донирање конзервирана храна, облека и обувки, со цел помош на социјално ранливи семејства од Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

-По успешно спроведените акции во текот на 2018 година беа изработени пакети со конзервирана храна,облека и обувки и заедно со своите вработени и волонтери од Црвен крст Куманово беа поделени храната, облека, обувки на социјално загрозени семејства кои живеат во тешки и супстандардни услови, а некои од нив и во тешко достапни планински предели од општините Липково и Старо Нагоричане. Црвен крст Куманово се заблагодарува на сите општествено одговорни граѓани, компании и институции кои од година во година се повеќе ја потврдуваат својата хуманост и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и во иднина, изјави секретарот на општинската организација, Бојан Петрушевски.

За наредната година, Црвениот крст планира да подготви 600 прехранбени и хигиенски пакети и околу 3.000 килограми помош која ќе биде поделена на ранливите категории граѓани.

Leave a Reply