Ако глобалното затоплување продолжи со моменталното темпо, климата на Земјата во 2030 годинана големо ќе потсетува на онаа која владеела со нашата планета пред три милиони години, покажува најновото истражување на Американската научна академија (PNAS), пренесува CNN.
За време на тој период, познат како „Плиоцен“, температурите на воздухот на Земјата биле измеѓу два до четири степени повисоки, а капацитетот на океаните поголем за 20 метри во споредба со денес, објаснил Кевид Д. Бурк, лидер на студијата и истражувач на Инститот за истражување на околината Нелсон.
– Денес сведочиме за едно од најлошите сценарија во историјата. Ова е период на многу брзи климатски промени. Мораме да пронајдеме било какво решение тие промени веднаш да ги спречиме, рекол Бурк.
Научниците тврдат дека Земјата веќе сега е за еден степен целзиусов потопла за разлика од периодот од 1850. до 1900. година и дека за тоа се заслужни првенствено емисијата на штетни гасови од автомобилите и авионите, но и други човечки активности.
Како изгледала Земјата пред три милиони години?
Ако емисиите на штетните гасови продолжат со оваа темпо, што засега е најверојатно сценарио, климата на Земјата за само 12 години ќе наликува на онаа која владеела со Земјата кон средината на Плиоцен, односно пред околу три милиони години.
Годишно температурите на воздухот на Земјата биле измеѓу два до четири степени повисоки, а капацитетот на океаните поголем за 20 метри во споредба со денес.
На некои подрачја, вклучително и САД, температурите во 2030 година би биле двојно над просекот.
Бурк претставил уште едно црно сценарио – ако продолжиме да го правиме она што го правиме денес, до 2150. година Земјата ќе се врати во состојбата во која била пред 50 милиони години, што значи дека нашата планета би се вратила во зора на еволуцијата, првите цицачи, во време кога диносаорусите веќе одамна биле изумрени.
– Во времето пред 50 милиони години, според моделите, глобалните температури биле и до 13 целзиусови степени повисоки од денешните. ВО тоа време не постоеле подрачја кои трајно биле прекриени со мраз, ниту на еден од половите на Земјата, а капацитетите на океаните биле многу повисоки, објаснува Бурк.
– Одиме кон многу драматични промени во исклучително кратко време, рекол Џејк Вилијамс, експерт за палеоекологија и климатологија на Универзитетот во Висконсин и коавтор на студијата.
Додава и дек аполовите на Земјата до 2150. година нема да останат без мраз, затоа што на ледените капи им треба подолг ода се растопат. Но, изненадното затоплување би можело да доведе до исчезнување на бројни животински и растителни видови.
– Можеме да влијаеме на својата историја и на историјата на Земјата низ разбирање на сегашните промени и прилагодување на нив, заклучил Вилијамс.