29.08.2017 02:22

Мапа на земјите кои ќе успеат да ги преживеат климатските промени


Климатските промени ќе имаат се поголемо влијание врз животот на Земјата. И покрај бројните состаноци на лидерите не европските земји во однос на оваа тема и пронаоѓањето начини како да се соочат со овој проблем, научниците истакнуваат дека проблемот во рацете на денешните генрации е сериозен.

Неодамнешните извештаи прикажуваат дека и најголемите предвидувања ја потценуваат ситуацијата.

Секоја земја е погодена на различни начини. Сајтот „Индепендент“ креираше мапа која прикажува колку една земја е подготвена да се адаптира на климатските промени кои претстојат врз основа на инфо графици добиени од индексот на глобалната адаптација која е дел од проектот на Универзитетот Нотр Дам во САД.

Треба да се земе предвид дека мапата е заснова на рангирањето, а не врз основа на обемните проценки за секоја земја.

Исто така, се истакнува дека мапата е правена на ниво на држави, што не значи дека доредени градови или територии на високорангираните земји немаат проблеми со соочувањето со промените.

Развиените земји како целина имаат многу повеќе потенцијал да се приалгодат на планетарното затоплување. Мапта ја одржува способноста на земјите да реагираат на климатските промени да сетекнат подобри услови за населението.

Меѓу највисоко рангираните земји спаѓаат скандинавските држави, потоа Велика Бриганија, Австралија, Јапонија, Канада и САД и земјите од централна и југозападна Европа.

Најголем проблем најбљудувајќи ја мапата ќе имаат сите афрички држави осве Боцвана, јужна Ација и голем дел од југоистична и југозападна Азија.

Кога станува збор за Балканот, најдобро рангирани се Унгарија и Хрватска, додека Романија, Србија, Босна и Црна Гора и Македонија спаѓаат во категоријата од 50 – 59 процентен ризик.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments