Црквата остро го осуди настапот на пејачката на Кипар на Евровизија, бараше песната да биде забранета! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Првото полуфинале на Евросонг заврши, а од вкупно 16 натпреварувачи, Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина се пласираа во големото финале.

Loading...

Кипарската пејачка Елена Цагрину исто така го освои апсолутното внимание на јавноста со својот огнен настап, за кој се зборува и денеска.

Инаку, нејзината песна „Ел Диабло“, што на шпански значи ѓавол, крена многу прашина многу пред натпреварот.

 

 

Имено, кипарската православна црква изрази силно спротивставување заради песната на претставничката на нивната земја, бидејќи, како што тврдат, го величи сатаната.

„Ова е величење на фаталистичкото предавање и потчинување на силите на ѓаволот“, рече Светиот синод на кипарската православна црква, повикувајќи ја владата да го искористи своето влијание за повлекување на песната од конкуренција.

Loading...

По ова соопштение од црквата, беше покрената петиција за забрана на песната, а повеќе од 16 000 луѓе ја потпишаа.

Исто така, беа организирани протести каде луѓето носеа крстови и пееја црковни песни.

 

 

„Протестираме мирно, а не ѓавол“, „Покајте се и вратете се кај Христос“ и „Христос спасува, ѓаволот убива“, беа само некои од натписите на транспарентите, пренесува Ројтерс.

Владини претставници одговорија дека ја почитуваат позицијата на оние на кои не им се допаѓа песната, но дека нејзиното повлекување не доаѓа предвид.

„Владата целосно ги почитува креативните, интелектуалните и уметничките слободи кои не можат да бидат погрешно протолкувани или ограничени заради насловот на песната“, рече владиниот портпарол Викторас Пападопулос.

Loading...

Кипарската телевизиска корпорација објави дека темата на песната е борба меѓу доброто и злото.

 

Leave a Reply