CNN: Русите го кренаа во воздух клучниот мост кај Бахмут!

Сподели со своите пријатели

Руските сили во текот на ноќта го разнесоа клучниот мост што го поврзува опколениот град Бахмут во источна Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција.

Loading...

Полицијата во градот Константинивка изјави за Си-Ен-Ен дека се надева дека мостот ќе биде поправен во наредните денови, бидејќи тој е витална артерија за евакуација на цивили и испорака на залихи како муниција.

Мостот е и последната главна рута за снабдување од Бахмут до градот Часов Јар. Армијата сè уште може да пристапи до Бахмут преку полињата, соопшти полицијата.

Бахмут е сообраќаен центар и преку него ги снабдува украинските војници на истокот на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.