ЦЈЗ: Мострите потврдија дека водата за пиење на пунктот Табановце е исправна

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот Центар за управување со кризи во дневниот извештај, од ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Куманово е проследена информација дека во текот на изминатите 24 часа,  од страна на одделението за Дезинфекција, дезинсекција и дератизација, извршена е дезинфекција на 6 вагони, како и на просторот и објектите во пунктот за помош на мигранти Табановце, односно на вкупна површина од 1600 м2.

Loading...

Во дневниот извештај понатаму е наведено дека според резултатите од земените примероци на вода со лаб. бр. 8110/2015,  со датум на земање од 29. 09. 2015 година од чешмата на пунктот Табановце и примерок со лаб.број 8111/2015, со ист датум но од чешмата на женскиот тоалет на пунктот, по завршување на тестирањата на 05 октомври е потврдено дека мострите одговараат на правилникот за вода во однос на микробиолошките параметри.

Од ЈЗУ Здравствен Д0м Куманово е добиено известување дека здравствените тимови на Итна медицинска помош во текот на вчерашниот ден не пружиле здравствена заштита на мигранти.

Во ЈЗУ Општа болница Куманово во изминатите 24 часови бележат една интервенција на едно лице донесено од страна на брза помош на Интерно одделение и по извршените здравствени услуги било препратено на неврологија за конзилијарен преглед,а потоа било вратено на пунктот Табановце, се вели во дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.