ЦЈЗ ја потврди исправноста на водата на преминот Табановце – Железница

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот извештај инфорира дека водата за пиење од чешмите поставени на ГП Табановце – Железница е исправна за пиење.

Loading...

Имено, според Центарот за јавно здравје Куманово од мострите земени од мерното место Чешма – Граничен премин Железница, откако било испитано, утврдено е дека водата е исправна за употреба, согласно решението бр. 2108/2015г.

Во моментот, на тој дел од преминот, дневно поминуваат и до 3000 бегалци од Блискиот Исток.

Во врска со Акциониот план за превенција и справување со влез и транзитирање на мигранти низ државата, РЦУК Куманово информира дека и понатаму ја следи состојбата на регионот, и континуирано контактира со надлежните субјекти од СУК од подрачјето што го покрива.