„Чудовиштето од Лох Нес“ исплива на брегот на Шкотска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бурата „Кјара“ што донесе врнежи од дожд и ветрови со јачина на ураган на северот на Европа го исфрли необично суштество крај брегот на Шкотска.

Loading...

Фотографиите беа објавени на Фејсбук страницата „Фубар њуз“ со прашањето: „Наидовме на ова чудно суштество во близина на Абердин. Дали имате идеја што би можело да биде?“

Во коментарите може да се најдат интересни одговори за идентитетот на мистериозното суштество – од тоа дека е кит, орк или делфин, до повеќе хумористични што тврдат дека е познатото шкотско чудовиште.

„О, тоа е Неси (чудовиштето од Лох Нес)“, напиша Мег Плумер.

„Не, не, Неси не можеше да се прилагоди на солена вода“, напиша Ема Луис Боланд.

Имаше и такви кои бараа објаснување за оваа мистерија во предисторијата.

„На прв поглед, мислев дека е бронтосаурус, но гледајќи во структурата на скелетот, мислев дека е диплодокус или трикератоп“, напиша извесен Метју Кук.

Не е прв пат да се шпекулира за постоење на чудовиштето од Лох Нес.

Loading...

Сепак, и покрај бројните „видувања“ низ годините, сè уште нема конкретни докази дека чудовиштето е реално.

Leave a Reply