Чудни радио бранови уловени како пристигнуваат од нашата галаксија

Сподели со своите пријатели

Астрономите открија невообичаени сигнали кои доаѓаат од правецот на центарот на галаксијата Млечен Пат, кои не се вклопуваат во постојната шема на променлив радио извор, што може да укаже на нова класа sвездени објекти.

Loading...

– Најчудното својство на овој нов сигнал е тоа што има многу висока поларизација. Ова значи дека неговата светлина осцилира само во една насока, но со текот на времето таа насока ротира – вели Ситенг Ванг, главниот автор на новата студија и професор на Универзитетот во Сиднеј.

 

 

Тој изјави дека светлината на објектот, која доаѓа од центарот на нашата галаксија, исто така, драстично варира и дека сигналот се вклучува и исклучува очигледно по случаен избор.

„Никогаш не сме виделе нешто слично“, рече Ванг.

Многу видови ѕвезди емитуваат променлива светлина во електромагнетниот спектар.

Loading...

Пулсарите, суперновите, пламените sвезди и брзите радио – рафали се типови астрономски објекти чија светлина варира.

 

 

– Отпрвин мислевме дека може да биде пулсар – многу густ тип на ротирачка sвезда – или тип на sвезда што емитува огромни сончеви ракети. Но, сигналите од овој нов извор не одговараат на она што го очекуваме од овие типови небесни објекти – рече Ванг.