Човекот кој го задолжи човештвото, сега на банкнотата од 50 фунти

Сподели со своите пријатели

Ликот на Алан Тјуринг, таткото на модерната компјутерска наука и човекот најзаслужен за дешифрирањето на „Енигма“ – германската машина за шифрирање пораки, ќе се најде на банкнотата од 50 фунти. Британскиот научник поради својата хомосексуална определеност е осуден и хемиски кастриран во 1952 година, пораид што две години подоцна извршил самоубиство.

Loading...

Британската кралица Елизабета Втора одлучи да го помилува Тјуринг во 2013 година како своевидно извинување за неправдата кон научникот кој го задолжи целиот свет, а сега му е укажана уште една чест – неговиот лик на банкнотата од 50 фунти.

Новите банкноти во оптег ќе се најдат од 2021 година, а вкупно во прометот ќе има 344 милиони, соопшти Банката на Англија.

– Алан Тјуринг беше исклучителен математичар чија работа имала огромно влијание на тоа како денеска живееме. Како татко на компјутерската наука и вештачката интелигенција и воен херој, неговите придонеси се далекусежни, рекол гувернерот Марк Карни.

Херој и трагичар

Втората светска војна Тјуринг ја дочекал во британското школо за шифрирање во Блечли паркот „ХУТ 8“ каде се занимавал со дешифрирање на германската морнаричка енкрипција.

Врз база на трудовите на полските научници предводени од Марјана Рејевски, Тјуринг понатаму го развива начинот шифрирање, кој трупите на Третиот Рахј го користеле.

Развил повеќе техники, од кои една метода на „бомба“ – електромеханичка машина која можела да открие поставки на „енигма“.

Loading...

По војната работел во Националната лабораторија за физика, каде го развил и конструирал „АЦЕ“, еден од првите автоматски компјутери со складирана програма. Потоа, Тјуринг во 1948 година работел на Универзитетот Манчестер, каде развил софтвер за еден од првите компјутери во светот. Неговиот концепт на алгоритми се користи и денес во компјутерството.

Напорно работел и на проблемот со вештачката интелигенција, а за таа цел смислил експеримент познат како Тјурингов тест.

Британскиот научник е осуден во 1952 година за дело „голема непристојност“, затоа што се дознало дека бил во хомосексуална врска со Арнолд Маер од Манчестер. Му била направена хормонска терапија, поради која останал импотентен и претрпел некои физички промени.

Како на хомосексуалец му била забранета понатамошнта истражувачка активност. Две години подоцна, Тјуринг со јаболка полна со цијанид извршил самоубиство.

Leave a Reply