Човек кој турнал мачка во морето во Грција се соочува со затворска казна до 10 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Грчката полиција уапси маж кој клоцал мачка во морето додека бил на вечера во ресторан на островот Евија. На видеото објавено на социјалните мрежи, три лица седеле во отворен ресторан кога им пришле две мачки.

Loading...

Тие се обиделе да ги намамат во морето со риба, а потоа еден од мажите ја шутнал мачката во морето. Доколку биде обвинет, тој може да се соочи со затворска казна до 10 години. Тој би можел да добие и максимална казна од 50.000 евра, пренесува Метро.

Мештаните по инцидентот мачката ја однеле на ветеринар, каде било утврдено дека е неповредена.

„Насилството врз животните е неприфатливо. Честитки за оние кои го објавија видеото“, изјави грчкиот министер за полиција Такис ​​Теодорикакос.

Грција донесе строг закон во 2020 година со кој се казнува злоупотреба на животни со затвор од една до десет години. Одлуката беше изгласана едногласно во парламентот, а предвидува големи казни.

Според „Гардијан“, Грција има една од најголемите популации на бездомни кучиња и мачки во светот, а активистите за правата на животните проценуваат дека само во Атина има милиони бездомни мачки и кучиња.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Stamatina Stamatakou (@stamatina_ss)

Loading...