Членките на СДСМ и НСДП од Куманово ја реализираа акцијата „Дарувај од срце“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Форумот на жени на СДСМ и НСДП Куманово денеска традиционално ја реализираа хуманитарната акција „Дарувај од срце“.

Loading...

Во просториите на Општинската организација на Црвен Крст од Куманово, членките на двете партии однесоа облека, обувки и ќебиња кои ќе бидат донирани подоцна на најзагрозените семејства од градот.

Акцијата се организира по седми пат, изјави Атина Мургашанска од Форумот на жени на СДСМ Куманово.

– На овој начин ја покажуваат хуманоста и солидарноста на нас жените на македонското општество. Веќе неколку години на акцијата се придружуваат и жените од нашиот коалиционен партнер Новата социјалдемократска партија, а и сите други граѓанки кои на овој начин со малку облека, ќебиња и обувки сакаат барем на извесен начин да подарат топлина и некому да ги разубават претстојните новогодишни и божиќни празници. Можеби тоа што ќе го дадеме не претставува голема материјална вредност, но на овој начин покажуваме грижа за нашите блиски, соседи и пријатели и покажуваме дека секогаш можеме да оделиме од она што нам ни припаѓа за да го оствариме концептот „едно општество за сите“, изјави Мургашанска.

На акцијата трета година по ред се вклучува и Форумот на жени на НСДП Куманово, изјави Маја Насковска.

– Оваа акција за нас претставува нешто многу убаво, прекрасно и е предизвик да помогнеме некому со облека, обувки или ќебиња, не станува збор за некоја многу голема финансиска вредност, меѓутоа мислиме дека ќе усреќиме некое семејство на кое навистина му е потребно, изјави Насковска.

Loading...

Акцијата „Дарувај од срце“ се реализира во сите поголеми градови во државата точно напладне.

Leave a Reply