„Чистота и зеленило“ отпиша застарени побарувања вредни 2,5 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Застарени долгови на физички и правни лица вредни околу 2,5 милиони евра отпиша Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, или како што велат надлежните направена е корекција на вредноста.

Loading...

Како што појасни директорот на претпријатието Даниел Стојчевски на денешната седница на Советот на Општина Куманово, станува збор за долгови постари од 10 години, кои не биле наплатени, иако била покренувана и тужбена постапка.

– Имаше ненаплатени побарувања околу 160.000 милиони денари, постари од 10 години, во кој јавното претпријатие пријавило, дел се тужени, дел пријавени во стечајни постаки кои не се завршени, се работи за поголеми фирми, но факт е дека тие пари јавното претпријатие не ги губи во тој момент, па направивме пресек и законска обврска е тоа, дека побарувања постари од 10 години мора да ги регулираме, рече Стојчевски.

Како што додаде, во неговиот мандат како в.д. директор последните 10 месеци, исплатени се долгови вредни над 60 милиони денари кои ЈП „Чистота и зеленило“ ги имало по разни основи.

Во отпишувањето на побарувањата, има и физички и правни лица кои со години не ги регулирале своите давачки кон комуналното претпријатие. Опизијцата во Советот на Општина Куманово на денешнта седница бараше одговорен за таквата ситуација.

– Гледајќи во извештајот поголем дел од должниците се физички лица, вредноста е од претпријатија во стечај 8 милиони, меѓутоа физичките лица изнесуваат 84 милиони, кој дозволил да се дојде до задолжение на физички лица над 84 милиони денари, праша советничката Анета Шандева Доневска.

Проблемот со наталожените долгови, според финансискиот директор на претпријатието Слаѓан Михајловски е и долгата судска постапка без конечна разрешница, па согласно законот е направено усогласување на побарувањата. Како што потенцираше не е правен отпис, туку само исправка на вредноста.

– Што се однесува на правни лица критериумот беше да се постари од три години, законот така наложува, во оние постари од три години, се 80 до 90 отсто од фирми кои не постојат Монопол, КИК, Житомел, иако се поднесувани пријави во стечајна маса, има голем дел од претпријатијата кои веќе не постојат, не е направен отпис само исрпавка на вредност, побарувања со исправка на вредност се сведени на сегашна вредност нула и стојат во евиденција, дококу дојде до наплата ќе бидат покажани како приход, но такво нешто да се случи од фирми кои не постојат е минимална шанса, додате Михајловски.

Loading...

Низ изминатите 10 години биле поднесени околу 12.000 поединечни тужби против физички и правни лица кои не ги подмирувале своите долгови кон ЈП „Чистота и зеленило“.

Leave a Reply