Четврта година по ред, Безос е најбогат во светот со 177 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Годишната листа на милијардери на Форбс вклучува рекордни 2.755 лица (660 повеќе од минатата година), а е предводена од основачот на Амазон, Џеф Безос (57), кој веќе четврта година е официјално најбогатиот човек на светот.

Loading...

Богатството на Безос се проценува на 177 милијарди долари, што е далеку пред конкуренцијата, пренесува Daily Mail.

 

 

Луѓето кои вкупно имаат повеќе од милијарда долари имаат 13,1 трилиони долари, што значи дека заработиле пет милијарди за време на пандемијата на коронарнавирусот, бидејќи нивното богатство вредело осум трилиони долари на минатогодишната листа.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск (49) се искачи од 31-то место на второто и неговото богатство се проценува на 151 милијарда долари.

Бернард Арно (72), извршен директор на LVMH (150 милијарди), Бил Гејтс (65), основач на Мајкрософт (124 милијарди) и 36-годишниот сопственик на Фејсбук, Марк Закерберг (97 милијарди), исто така се во првите пет најбогатите луѓе во светот.

Loading...

 

 

На шестото место е Ворен Бафет (90), директор на Беркшир Хатавеј (96 милиони), следен од директорот на софтверскиот гигант Оракл Лери Елисон (76) со (93 милијарди).

Потоа на списокот се основачите на Гугл Лери Пејџ (48) и Сергеј Брин (47). Пејџ е малку побогат со 91,5 милијарди, а Сергеј Брин има 89 милијарди.

На десеттото место е сопственикот на „Рилајанс Индустри“, која се занимава со петрохемија, телекомуникации и продажба, Мукеш Амбани (63) од Индија со 84,5 милијарди.

Меѓу милијардерите е и Ким Кардашијан, која од октомври до денес напредуваше за 220 милиони долари и ја премина бројката од една милијарда долари.


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *