Американската ријалити sвезда Ким Кардашијан Вест влезе во елитниот клуб на супербогатите достигнувајќи статус на милијардер, објави во средата Би-Би-Си.
Нејзиното богатство се зголеми на милијарда долари благодарение на бизнисот со козметика и облека, како и заработката од ТВ и инвестициите, пренесува списанието Форбс.
View this post on Instagram
Ким сега е една од 2.755 лица на списокот на милијардери на Форбс.
Сепак списокот го води основачот на Амазон, Џеф Безос со богатство од 177 милијарди долари.
View this post on Instagram
Меѓу останатите Американци кои се најдоа на списокот минатата година, се основачот на апликацијата Бамбл Витни, Волф Херд (1,3 милијарди), режисерот Тајлер Пери (1 милијарда) и Миријам Аделсон (38,2 милијарди), вдовицата на коцкарскиот магнат Шелдон Аделсон.
Кајне Вест, поранешниот сопруг на Ким, веќе е на списокот (1,8 милијарди долари), а нејзината полусестра Кајли Џенер беше отстранета од Форбс во мај минатата година.
View this post on Instagram
Списанието наведува дека семејството ја надувало вредноста на компанијата за козметика.