Четири пожари на отворено вчера низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Четири пожари на отворено имало во текот на изминатото деноноќие на поширокото подрачје на Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на село Лопате била запалена сува трева. Притоа во период од 12:05 до 12:48 часот интервенирале тројца пожарникари.

Втората интервенција била во близина на расадникот во населбата Бедиње, каде исто така горела сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 16:40 до 17:30 часот.

Во атарот на селото Бељаковце горел запален смет. Во период од 17:42 до 17:55 часот интевенирале двајца пожарникари.

Сува трева горела и во селото Доброшане. Таму во период од 18:00 до 20:05 часот интервенирале тројца пожарникари.

Никола Ивановски