Четири мобилни тимови на ВМРО ДПМНЕ ќе собираат идеи за изборна програма

Сподели со своите пријатели

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денес од хотелот Александар Палас ја најави подготовката на новата изборна програма која ќе се изработи заедно со граѓаните.

Loading...

За таа цел,  четири тима ќе поминат низ цела Македонија и од секаде ќе собираат идеи од граѓаните, а воедно додаде и дека како партија повторно ќе започнат со трибини, истакна Груевски.

 

-Нашата програма граѓаните ја чувствуваат како своја бидејќи знаат дека се што во неа ќе биде реализирано. Како резултат на барањата и идеите на граѓаните досега се реализирани многу проекти во сите градови во Македонија. Денес треба да се стремиме кон напредок, додаде Груевски кој денес побара граѓаните да бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2016-2020.

Претседателот на владејачката партија потенцираше дека и оваа програма ќе биде реална како што се сите претходно.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.