Четири лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Германија

Сподели со своите пријатели

Најмалку четири лица загинаа, а 23 се повредени во пожар што избувна во дом за стари лица во градот Бедбург-Хау во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Loading...

Како што информираа од полицијата, пожарот избувнал во понеделникот во 3 часот и 50 минути по локално време во дом за стари лица во Бедбург-Хау, град со 13.000 жители.

Повреден е еден од пожарникарите кои се обиделе да го изгаснат пожарот.

Спасувачките екипи евакуирале 46 лица од домот за стари лица. Според прелиминарните податоци четири лица загинале, а 23 се повредени.

Пожарот во голема мера е изгаснат, а истрагата за причините за пожарот е во тек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето