Четири лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка (фото)

Сподели со своите пријатели

Вкупно четири лица се повредени во денешната сообраќајна незгода која се случила околу 10:15 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кај месноста викана „Чешмиче“.

Две од лицата биле со потешки, а две со полесни телесни повреди. Според информации на полицијата во незгодата учествувале патничко моторно возило марка „Тојота“ со косовски регистарски ознаки управувано од С.Д. и возило марка „Рено меган“ со кривопаланечки таблици управувано од 52-годишен И.С. а заедно со него се превезувале и 46-годишната С.С. и деветнаесетгодишниот А.С..

 

Loading...

 

Иако од МВР велат дека станува збор за судир на две патнички возила, сепак од фотографиите на терен може да се констатира дека во незгодата учествувале повеќе возила.

Според информациите од Одделението за хирургија при кумановската Општа Болница, две лица со потешки телесни повреди се префрлени на скопските клиники, едно лице добило лекарска помош и било пуштено на домашно лекување. Двете лица со тешки телесни повреди се надвор од животна опасност.

 

 

Поради сообраќајната незгода патниот рпавец Куманово – Крива Паланка беше во прекин во двете насоки.

 

Loading...

 

Увид на местото на несреќата извршиле увидни екипи на СВР Куманово по што ќе се утврдуваат причините за настанување на несреќата.

 

 

Токму месноста „Чеѓмиче“  е локацијата на која минатата недела животот го загуби 26-годишен кумановец.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.