Четири измами за огревни дрва годинава во Куманово: Приказната секогаш иста!

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на Куманово од почетокот на 2023 година до сега се евидентирани 4  пријави од граѓани  за измами при купување на огревни дрва, додека во 2022 година биле пријавени 14.

Loading...

Начинот на измама  сторителите го вршат со доаѓање во домот на постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека продаваат огревни дрва, ги наведуваат да им ги платат дрвата под изговор дека камионот со дрва е во близина и дека дрвата ќе им бидат донесени, ги земаат парите,  не им носат дрва и заминуваат.

СВР Куманово континуирано презема превентивни мерки и апелираме до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните  кога непознати лица им нудат  огревни дрва за пониска цена од продажната, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бројот 192.

МИА