Четири интервенции на кумановските пожарникари за едно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Територијалната противпожарна екипа на Кумново, во текот на вчерашниот ден бележи четири интервенции на запалена сува трева и стрниште, од кои три интервенции се регистрани во село Речица, кумановско.

Loading...

Во трите интервенции во село Речица, во различни временски интервали, ТППЕ Куманово интервенирале на опожарено суво стрниште и сува трева, при што, во текот на една од трите интервенции бил гаснет пожар кој се простирал на површина од 3,4 хектари обработлива површина.

Четвртата интервенција е регистрирана во време од 18:20 до 20:15 часот, при што со 1 ПП возило и четворица пожарникари  бил гаснет пожар предизвикан од опожарена сува трева и стрниште во с.Романовце, јавува РЦУК во дневниот извештај.