Четири дена исчезнат е 10-годишниот Џенгис од Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири дена нема ни трага ни глас од  10-годишниот Џенгис Асани од Средорек, кој што според изјавата на таткото, Африм, во саботата околу 15 часот излегол од дома и веќе не се вратил.

Loading...

Африм го пријавил случајот во СВР Куманово и очекува повратни информации од полицијата во врска со исчезнувањето на детето.

Асани информира дека син му кога излегол од дома носел црвена јакна и ги замолува граѓаните да помогнат во потрагата, но со себе нема негова фотографија, што би ја олеснило потрагата по детето, во случај некоја да го препознае.

Татко на 10-годишниот Џенгис

Исчезнатото момче Џенгис Асани е роден на 24.10.2009-та година.

Од СВР Куманово потврдија дека случајот е пријавен од таткото на исчезнатото дете.

Според СВР Куманово, на 27.01.2020 –та година  А.А пријавил дека Џ.А. излегол од дома на 24.01.2020-та година и се уште не се вратил. Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply