Честитка од градоначалникот Димитриевски по повод 8 Септември

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски упати честитка до граѓаните по повод 8ми Септември – Денот на независноста.

Loading...

Честитката интегрално ви ја пренесуваме во продолжение:

„31 година суверена, независна и самостојна Македонија, Македонија на горд македонски народ.

31 година борба за просперитет, за достоинство, за подобри услови за живот, за безбедна, силна и развиена, за европска Македонија.

Ова е патот по кој мора да продолжиме, но исклучиво како горди Македонци, со крената глава, да не се откажуваме, да продолжиме да бидеме како пиреј, упорни, не дозволувајќи никогаш да исчезнеме, секогаш да опстоиме, чувајќи ја нашата традиција, култура, историја, јазик, идентитет, чувајќи ја татковината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

Среќен Ден на Независноста! Да живее Македонија!“, напиша градоначалникот во честитката.

Никола Ивановски