Чекале лет пет часа, па дознале дека тој одлетал без патници

Сподели со своите пријатели

Патниците на авио-компанијата „Изиџет“ тргнале од Лондон во Лисабон, кога дознале дека една писта е затворена, поради што авионот требало да слета во Порто. Кабинскиот персонал ги замолил сите патници да излезат од авионот додека се наполни бензинот.

Loading...

Пет часа подоцна, на патниците им било кажано дека авионот заминал без нив и морале од Порто до Лисабон со автобус, јавува „Дејли мејл“. Тие пристигнале на своите дестинации со задоцнување од осум часа.

https://twitter.com/frazerrendell/status/1116712476027105280

ПР на авио-компанијата рекол дека летот EJU8717 од Гетвик во Лисабон морал да биде пренасочен во Порто поради затворената писта. Тврди дека патниците останале во воздушното пристаниште „поради нивниот комфор“.

– Поради затворената писта нашиот кабински персонал на патниците им направи повеќе отстапки од вообичаено. Им дадовме ваучери за храна и пијалаци, им понудивме и превоз до Лисабон, тврди тој.

ПР-от им се извинил на патниците со образложение дека „безбедносната на патниците и персоналот се најважни за нивната компанија“, пренесува Дејли мејл.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *