Чекајќи смртна казна ископал тунел и избегал од затворот

Сподели со своите пријатели

Кинески дилер на дрога, осуден на смрт, направи филмско бегство од затвор копајќи тунел од неговата ќелија до канализационите цевки.

Loading...

Каи Чангпан бил во затвор на периферијата на главниот град Џакарта, бидејќи бил фатен како шверцува метамфетамин. Сепак, тој успеал да избега со копање дупка во својата ќелија сè до канализационите цевки што воделе до блискиот пат надвор од затворот.

Според неговиот цимер, тој бегството го планирал пет до шест месеци. Тој го ископал тунелот користејќи алатки од мајсторите кои ја обновувале затворската кујна.

Бегството го темпирал со промена на стражарската смена, вели портпарол на Индонезискиот директорат за затвори.

Каи бил осуден на смрт во 2017 година за криумчарење 135 килограми кристал-мет.

Leave a Reply