Чекајќи ќерка добиле 13 синови, но не се предаваат (видео)

Сподели со своите пријатели

Семејството Шванд од Мичиген веќе 22 години се обидува да добие ќерка, но се уште тоа не им тргнало од рака. Така обидувајќи се да добијат ќерка, тие имаат 13 синови. Разликата меѓу нив е и по 12 години.

Loading...

Момчињата од семејството на светот доаѓале по следниот ред: Тејлер (22), Зек(19), Дру(18), Брендон(16), Томи(13), Вини(12), Калвин(10), Габе(8), Весли(6), Чарли(5), Лука(3) и Такер само 21 месец.

Но, тука не е крајот. Пред неколку дена на свето пристигнал и нов син. Тринаесеттиот брат во семејството се уште нема име, затоа што мора да биде одобрено од постарите синови.

А како изгледа животот со толку мажи во куќата? Единствен начин сите да функционираат и сите семејни обврски да се завршуваат на време е низ систем од графикони и строг распоред на работите.

Има многу активности, многу метеж, многу хаос, но тоа е многу љубов – вели мајката.

Сепак, иако го остварил сонот на многу мажи, да има цел фудбалски тим во својот дом, овој татко би сакал да има и ќерка.

Да се биде татко на 12 синови и да се добие уште еден е прилично забавно – вели Џеј, но сепак негова желба е да има ќерка.

На прашањето дали ќе има и 14-то бебе, тој вели „Никогаш не се знае“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.