Чавков поднесе тужба пред Управен суд за смена на полициските началници

Сподели со своите пријатели

Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков денес поднесе тужба до Управниот суд, против техничкиот министер Оливер Спасовски, бидејќи како што вели, Спасовски на незаконски начин извршил смена на началниците на Сектори на внатрешни работи во неколку градови во земјава.

Оливер Спасовски флагрантно ги прекрши законите за внатрешни работи и полиција, согласно кои се постапува во вакви случаи. Исто така во крајно незаконска и нетранспарентна постапка Оливер Спасовски именуваше нови началници, истакна на денешниот прес, доскорешниот министер Чавков.

Бараме од судот да донесе решение за времена мерка со која се запираат прераспоредувњата на лицата, како и пресуда со која се поништуваат решенијата на техничкиот министер Оливер Спасовски за распоредување, бидејќи ваквите разрешувања предизвикуваат опасност за уредно, целосно и безбедно извршување на законските надлежности на Министерството. Разрешените началници, како што информира Чавков, веќе поднеле приговори на решенијата до второстепената комисија по што ќе поднесат и тужби.

Извор: МТВ

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.