„Часовник на судниот ден“ никогаш поблиску до полноќ

Сподели со своите пријатели

Деведесет секунди до полноќ, што значи дека човештвото никогаш не било поблиску до планетарна катаклизма, објави во вторник група научници кои го следат „Часот на судниот ден“, кој не го одбројува времето, туку предупредува на опасност од нуклеарни, еколошки и технолошки закани.

Loading...

„Билтенот на нуклеарни научници“, непрофитна организација која го води овој симболичен проект од 1947 година, на прес-конференција во Вашингтон го објави својот нов часовник што ја мери близината на светска катастрофа.

Стрелките на часовникот се поместија напред за 10 секунди и сега се на 90 секунди до полноќ, сѐ поблиску до неизбежна катаклизма која, се надеваат експертите, никогаш нема да се случи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Епидемија на банкрот ги зафати шведските компании

Во 2020 година, часовникот беше поставен на 100 секунди до полноќ, што тогаш беше рекорд од неговото основање.

„Го поместуваме часовникот и е поблиску до полноќ од кога било“, рекоа научниците кога го објавија часовникот, додавајќи дека таква одлука донеле поради „зголемената опасност од војна во Украина“, но „не само“ затоа што на тоа.

Најпрвин, по Втората светска војна, стрелките на часовникот покажувале седум минути до полноќ.

Во 1991 година, на крајот на Студената војна, тие беа вратени на 17 минути до полноќ. Во 1953 година и во 2018 и 2019 година покажаа две минути до полноќ.

Билтенот на нуклеарни научници беше основан во 1945 година од Алберт Ајнштајн и експерти кои работеа на проектот Менхетен, кој ја произведе првата атомска бомба.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија ја менува банкнота од пет долари со ликот на кралицата, но нема да го стави Чарлс

Групата секоја година објавува нов часовник, приспособувајќи ги стрелките во согласност со светските настани.