Чаша вода наместо газиран пијалок против дијабетес

Сподели со своите пријатели

Заменувањето на газираните пијалоци со вода и незасладениот чај го намалува ризикот од дијабетес за 25%, покажуваат податоците од новото истражување.

Научниците истражувале повеќе од 25 000 луѓе меѓу 40 и 79 години, како запишувале сè што консумирале. Истражувањето траеше 11 години, а резултатите покажуваат дека 847 од учесниците биле дијагностицирани со дијабетес.

Лек за многу заболувања – Секое утро во 6 часот испијте чаша вода

Loading...

Истражувачите откриле дека за секои 5% зголемување во вкупниот енергетски внес од засладени пијалоци, ризикот за развивање на болеста се зголемува за 18%.

Замената на само една чаша газиран пијалок дневно со вода, ја намалува веројатноста од заболување со 14 до 25 отсто.

“Добрата вест е дека нашето истражување обезбедува практични совети и здрави алтернативи за луѓето кои ќе го спречат развојот на болеста.”, изјави доктор Нитај Фороуи од Универзитетот во Кембриџ, главен раководител на истражувањето.