При едно истражување научниците утврдија дека чајот ги штити забите, односно тие утврдија дека пиењето најмалку три шолји чај на ден ги одржува забите во добра состојба, намалувајќи го ризикот од кариес. Прегледот на постојните истражувања покажа дека црниот чај помага во борбата со два вида бактерии – Streptococcus mutans и Lactobacillus, поврзувани со кариес и болестите на непцата.
Најефикасна доза чај е три до четири чаши на ден, соопшти шефот на истражувањето доктор Кери Ракстан. Истражувачите откриле уште дека црниот чај се бори со кариесот дури по додавањето на малку шеќер.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.